Top Sport

Затоа е „ѕвер“ – Нгану со насмевка одговори на низата удари од Гарсија (видео)

Френсис Нгану, несомнено е еден од најзастрашувачките ММА фајтери на денешницата, со фантастична моќ, така што не изненадува колку лесно ги изддржа ударите од боксерскиот шампион Рајан Гарсија.

Непоразениот Гарсија, кој е ВБЦ шампион во лесна категорија, го покани Нгану на заеднички тренинг за сесија со „предизвик за удари во телото“, во кое Нгану со заштита на него само се смееше додека Гарсија упати низа удари.

„Мајсторот на нокаути. Го видовме како се бори, сега е тука со мене. Ќе направиме некоја работа во лабораторијата. Можеби ќе го помрднам“, вели Гарсија на Инстаграм со видеото од „предизвикот“.

Нгану пред три недели ја продолжи својата победничка низа со триумф над Жаирзињо Розенстрајк, и сега преговара за следен меч за титулата во тешка категорија.

 

View this post on Instagram

 

What do you think about our combination: My power 💪 and @kingryang speed 🥊 ??

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou) on

УФЦ: Камерунскиот ѕвер Нгану го „патосираше“ Жаирзињо за 20 секунди (видео)

Нгану во топ физичка форма пред саботната УФЦ тешкашка пресметка

Scroll to Top