Top Sport

Бушар се налути: Не сум Инстаграм-ѕвезда, туку тенисерка

Канадската тенисерка Јуџини Бушар ги отфрли обвинувањата дека е позагрижена за објавување на фотографии на Инстаграм отколку на прогрес во нејзината тениска кариера.

25-годишната Бушар во 2014 година го шокираше тенискиот свет кога стигна до финалето на Вимблдон, оттогаш заработувајќи над 6 милиони долари во наградни фондови и искачувајќи се на петтото место на ВТА листата, но потоа успесите доаѓаа помалку.

И покрај променливата игра, таа има „армија“ на обожаватели на Интернет (2 милиони следбеници на Инстаграм), и доби многу рекламни договори поради нејзиниот изглед. Пред дуелот од првото коло на Вимблдон против Словенката Тамара Зиданшек, Бушар вели дека нејзината тениска кариера е на првото место.

„Не би кажала дека претерувам со фото-сесиите. Но, понекогаш кога ќе имам време на распоредот, уживам да се фотографирам. Се работи за креативна и за мене интересна работа, но тоа не значи дека не работам. Знам дека мислат за мене дека сум само Инстаграм-ѕвезда. Не ми пречи, но морам да посочам дека не е така“, вели Бушар.

View this post on Instagram

Happy Valentine’s Day lovers ?♥️

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

View this post on Instagram

??‍♀️

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

Scroll to Top