Top Sport

АФЦОН: Салах и Египет совршени во втората рунда (видео)

Египет, предводен од Мохамед Салах стигна до 2:0 победа над Уганда во последниот натпревар по групи на Африканскиот куп на нации за со совршен скор да се пласираат во осминафиналето на континенталниот шампионат.

Уганда го освои второто место на табелата, додека ДР Конго по убедливите 4:0 над Зимбабве се искачи на третото место со 3 поени и треба да почека да види дали ќе биде една од четирите репрезентации кои како третопласирани влегуваат во нокаут фазата.

Откако Уганда имаше подобар старт на мечот и ја контролираше играта, Салах ја покажа својата вредност со убав гол од слободен удар во 36. минута, за во финишот на полувремето, Ахмед Елмохамади да го постигне својот четврти гол во последните осум меча за Египет за водство од 0:2. Уганда се обидуваше да се врати во игра по ваквото прво полувреме, но на крајот се задоволи со пораз и со второ место.

АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ, ГРУПАА

Уганда – Египет 0:2

Зимбабве – ДР Конго 0:4

Табела: 1.Египет 9, 2.Уганда 4, 3. ДР Конго 3, 4.Зимбабве 1

Scroll to Top