Канадската тениска дива, Јуџини Бушар повторно ги израдува машките следбеници на Инстаграм, овојпат со својот костум за Хеловин (Ноќта на вештерките), облекувајќи се како Милина, лик од видео-играта „Мортал Комбат“.
Бушар ги објави фотографиите на Инстаграм со кратка провокативна порака: „Кој сака да се игра?“.
Иако неодамна изјави дека веќе не сака да биде сметана како Инстаграм-ѕвезда, туку како тенисерка и дека нема да објавува разголени фотографии, тоа очигледно не траеше долго.