Top Sport

Рамзи се збогувал со Арсенал

Арон Ремзи ја заврши својата кариера во Арсенал, откако клубот соопшти дека поради повреда тој ја завршил сезоната. Велшанецот се повреди на вториот четврт-финален натпревар против Наполи, во Лига Европа.

Арсенал беа оптимисти дека Ремзи ќе може да му помогне на тимот во завршницата од сезоната, во која тимот се бори за четвртото место во Премиер лигата и ќе игра полу-финале во Лига Европа, но последните прегледе покажале дека тој мора отсуствува седум до осум недели.

Ова значи дека мечот со Наполи бил последен за Рамзи во дресот на Арсенал. Репрезентативецот на Велс, на 30 јуни ќе стане слободен играч и ќе се пресели во Јувентус.

Рамзи од 2008 година, кога во Арсенал пристигнал од Кардиф, одиграч 369 натпревари на кои постигнал 64 гола.

Scroll to Top