Руските медиуми објавија снимка на која се гледа како претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров е во посета на Хабиб Нурмагомедов по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов.
По смртта на Абдулманап од последиците од корона вирусот во петокот, Нурмагомедов доби пораки со сочувство од ривалите Џастин Гетџи, Тони Фергусон и Конор Мекгрегор, од рускиот претседател Владимир Путин и од повеќе јавни личноти во Русија.
Сепак, единствен кој дојде да понуди лично сочувство беше Кадиров, долгогодишен пријател на семејството и претседател на Чеченија, соседската руска република на Дагестан, откаде потекнуваат Нурмагомедови.
Се верува дека Кадиров, заедно со Путин го организирале транспортот на Абдулманап во воената болница во Москва, каде што му беа извршени две операции.
„Планот на севишниот не може да се промени, бидејќи таква е неговата волја“, изјавил Нурмагомедов на средбата, иако досега нема дадено официјална изјава.