Top Sport

Чех со рекордно фрлање освои злато во Јуџин

Репрезентативецот на Словенија во фрлање на диск, Кристјан Чех го освои златниот медал на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД. Атлетичарот од Птуј на пат кон титулата постави нов рекорд на светските првенства, дискот го фрли на далечина од 71 метар и 13 сантиметри.

Ова е само втор златен медал на СП за Словенија, вкупно шести од 18 учества. Претходно Примож Козмус освои злато за оваа земја во фрлање кладиво во 2009 година во Берлин.

Покрај Чех медали во оваа дисциплина освоија Литванците, Миколас Алекна со 69,27 и Андријус Гуџијус со фрлање од 67,55 метри.

Чехот зад себе имаше одлична година – ниже победи во Дијамантската лига, а за многу стручњаци беше главен фаворит пред почетокот на натпреварувањето во Орегон.

Scroll to Top