Top Sport

Чептегеи и Дуплантис во конкуренција за атлетичар на годината

Џошуа Чептегеи и Арманд Дуплантис останаа во конкуренција за најдобар атлетичар во 2020 година. Изборот го организира Светската атлетска федерација. Овие двајца зад себе имаат брилијантни сезони.

Џошуа Чептегеи од Уганда, успеа да ги собори светските рекорди на 5.000 и 10.000 метри кои долги години беа во сопственост на Кенениса Бекеле од Етиопија. Најпрвин во август го собори рекордот на 5.000 метри, а два месеци подоцна постави најдобар резултат на сите времиња и на двојно подолгата патека (26:11:02 минути).

Арманд Дуплантис од Шведска го урна рекордот на Сергеј Бубка, во скок со стап. Новиот најдобар резултат изнесува 6,18 метри. Претходно Дуплантис успеа да постави и светски рекорд во сала (6,15 метри).

Светската атлетска федерација на 5.декември ќе објави кој од овие двајца ја добил наградата.

Scroll to Top