Top Sport

Дали Златан најави враќање во шведската репрезентација?

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ вчера уште еднаш покажа дека за него годините се „ништо“, откако имаше гол и асистенција за 2:1 победа над Удинезе. Сега на 39 години, никогаш суптилниот Златан најавува дека е можно да се врати во репрезентацијата на Шведска, четири години по повлекувањето.

Златан се откажа од настапите за репрезентацијата во 2016 откако не успеаја да ја минат групата на Европското првенство со Ирска, Белгија и Италија. Тој беше поврзуван со враќање кај „трите круни“ кога Шведска се квалификуваше на СП во Русија во 2018, но селекторот Јане Андерсон ги отфрли шпекулациите, а подоцна Златан ги обвини шведските медиуми за неговото отсуство.

„Медиумите велат дека се подобри без мене и верувам во тоа. Тоа е менталитетот на шведските медиуми. Немам типично шведско име и презиме. Немам типично шведско однесување, но сепак го имам рекордот во репрезентацијата. Ако не знам да играм во тим, зошто играв во најголемите клубови на светот и победував? Знам како да победувам, верувајте. И го правам тоа добро“, изјави тогаш Златан.

Сега, изгледа дека тој сака уште еднаш да се обиде објавувајќи фотографија со националниот дрес и порака: „Одамне не сме се виделе“.

Останува да се види дали Андерсон, кој останува селектор ќе размисли да го повика.

Scroll to Top