Top Sport

Чичко Тони Надал: Рафа и Федерер никогаш не би правеле како Циципас

Тони Надал, чичкото и поранешниот тренер на Рафаел Надал, вели дека неговиот внук, но и Роџер Федерер никогаш не би практикувале контроверзни тактики како тие на Стефанос Циципас, со честото и долгото одење во тоалет.

Циципас веќе е елиминиран од САД опен од 18-годишниот Карлос Алкараз од Шпанија, меч во кој грчкиот тенисер повторно отиде во тоалет, каде што помина седум минути. Тони Надал во колумна за весникот „Ел Паис“ вели дека тоа е нефер начин да се попречи играта на противникот.

„Мислам дека ниту еден тениски фан не може да го замисли Роџер Федерер или Рафаел да бараат такви скратени патишта до победа. Начинот на кој се однесува е крајно нефер. Рафа и Роџер никогаш не би направиле нешто такво. Мора да направат нешто да го спречат“, вели Надал сениор.

Scroll to Top