Top Sport

Чичко Тони верува: Рафа ќе има повеќе гренд слем титули од Федерер и Ѓоковиќ

Во интервју со шпанската ТВ емисија „Ел торо“, чичкото и поранешен ментор на Рафаел Надал, Тони Надал вели дека неговиот внук е посебен тенисер и по освојувањето на 19-тиот гренд слем на САД опен верува дека тој на крајот ќе освои повеќе гренд слем титули од ривалите Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

„Тој има одлични вродени квалитети, но да не тренираше секој ден од детството, немаше да стигне до ова ниво. Секогаш се бореше до крај и беше задоволен со постигнатото. Секако, полесно е кога победуваш, но сега го гледам со желба за борба и титули иста како кога имаше 19 или 20 години. Знае дека веќе не е млад, но може да игра уште неколку години“, вели 58-годишниот Тони Надал.

Тој прогнозира дека неговиот внук ќе биде најдобриот во историјата.

„Рафа има одлична техничка способност. Луѓето забораваат дека само со ментална сила не победуваш на САД опен, Австралија или Вимблдон. Тој знае како да помине низ тешки моменти и сите овие години, за разлика од неговите ривали, имаше сериозни повреди од кои се врати посилен. Мислам дека на крајот Рафаел ќе има најмногу гренд слема. Федерер ќе има повеќе од 20, тоа е сигурно. Нема да биде лесно, но може да се продолжи вака и следната година“, објаснува Тони Надал.

Scroll to Top