Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ во изобилство на слободно време ги покажа фудбалските способности.
Хрватот на својот Инстаграм профил закачи видео на кое жонглира со тениско топче. Тенисерот за 44 секунди успеа да „изброи“ до 60, што е одличен резултат за некој кому фудбалот не му е професиналност.
Тениската сезона е прекината поради коронавирусот, и прашање е кога ќе продолжи.
Слободното време тенисерите се обидуваат да го искористат на различни начини.