Top Sport

Ќе се одложи ли и Вимблдон, првпат во историјата!?

Двата најголеми тениски грен слем турнири, Ролан Гарос и Вимблдон се под знак прашање дали ќе се одржат поради пандемијата на коронавирусот во светот.

Додека медиумите наголемо пишуваат дека Отвореното првенство на Франција – „Ролан Гарос“ од 24 мај до 7 јуни сигурно ќе биде одложено, за Вимблдон се уште е непознато. Сепак, прогнозите се песимистички.

Организаторите на неофицијалното светско тениско првенство кое е планирано да се одржи од 29 јуни до 12 јули велат дека продолжуваат со плановите за одржување, но напоменуваат и дека ќе се однесуваат „друштвено одговорно“.

„Во случај Владата да побара откажување, нашето осигурување ќе овозможи на сите сопственици на влезници да им ги вратиме парите“ се наведува во соопштението.

Она што е сигурно, а што го потврдуваат организаторите на двата турнири е дека тенис во Франција и Велика Британија без публика нема да се игра.

Првиот Вимблдон е одржан во 1877 година, а турнирот никогаш не е откажан, во мирнодопски услови.

Scroll to Top