Top Sport

Чилиќ имал труење со храна, му го предаде мечот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше в полу-финалето на Мастерс турнирот во Мадрид, откако Марин Чилиќ му го предаде мечот, пред истиот воопшто и да започне. Хрватскиот тенисер изминатата ноќ имал труење со храна.

„Драги навивачи, организатори на турнирот и Новак, жалам што морам да соопштам дека морам да се повлечам од турнирот. Имав лоша ноќ, откако добив труење од храната што ја консумирав. Разочаран сум што на вака го завршив турнирот“, напишал Чилиќ на „Твитер“.

Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Роџер Федерер и Доминик Тим. Во второто полу-финале ќе играат победниците од мечевите помеѓу Стефанос Циципас и Александар Зверев, односно Рафаел Надал и Стан Вавринка.

Scroll to Top