Top Sport

Чилиќ: Можам да одиграм добро против Ѓоковиќ

Хрватската тениска репрезентација е на чекор до финале во Дејвис купот, но на патот до таму им стои селекцијата на Србија предводена од првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ.

„Ќе влеземе во тој меч како и на секој друг. Денеска момците ќе тренираат и се надевам дека се ќе е добро. На хартија тие се благи фаворити, го имаат Ѓоковиќ. Во двојки сме ние благи фаворити“ рече денеска хрватскиот селектор Ведран Мартиќ.

Пред дуелот со Србија своите видувања ги пренесе и Марин Чилиќ.

„Сигурно не чека тешка борба против Србија. Се работи за неверојатно квалитетна екипа. Освен Новак, имаат 3-4 сјајни играчи. Ќе дадеме се од себе и се надеваме на позитивен исход. Јас одиграв одличен меч против Синер, со, се разбира неколку работи, кои не функционираа. Верувам дека можам тоа да го исправам и против Ѓоковиќ да одиграм одличен меч“ заклучи Чилиќ.

Хрватот против Србинот одиграл 19 меча, а триумфирал само на два.

Scroll to Top