Top Sport

Преговорите одат бавно – Дембеле ќе замине од Барселона

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, потврдил дека бавно напредувата преговорите со менаџерот на Усман Дембеле. Вториот најскап играч во историјата на Барселона има договор до крајот на сезоната. Менаџерот го наговарал да се пресели во Премиер лигата.

Дембеле, играч во кого Барселона вложи 135 милиони евра, не доби речиси ништо, а може да биде и полошо. Францускиот репрезентативец може без обесштетување да го напушти клубот во летниот преоден рок, или за мала сума на пари да замине во јануари.

„Продолжувањето на договорот со Дембеле тече многу бавно. Не го планиравме тоа. Ние сакаме тој да остане во клубот. Би може да биде клучен играч доколку остане“, рекол Лапорта.

Најголемиот проблем е што Барса на Дембеле му нуди палата од 10.000.000 евра, односно 2.000.000 помалку од она што сега го заработува.

Неговиот менаџер смета дека во Премиер лигата ќе добие значително поголема плата.

Scroll to Top