Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ги предупреди ривалите да очекуваат импресивен кам-бек од Новак Ѓоковиќ во новата тениска сезона.
Ѓоковиќ ја прекрати сезоната 2017 по Вимблдон поради сериозна повреда на лактот и ќе го направи својот кам-бек на егзибицискиот турнир во Абу Даби пред Нова Година. Тој падна на 12. место на АТП-листата, но Чилиќ вели дека ќе биде голема грешка да се потцени 30-годишниот поранешен светски број 1.
„Очекувам да го видам многу мотивиран. Во новата сезона ќе влезе со поинакви амбиции и перспективи, бидејќи веќе не е број 1. Затоа ќе биде погладен за победи. Очекувам да биде во завршницата на сите големи турнири“, вели Чилиќ во интервју за „Спорт клуб“.