Top Sport

Чилиќ загуби добиен меч, Зверев продолжува да доминира против Хрватот

Александер Зверев имаше победнички старт на АТП финалето во Лондон, откако во два тешки сета со 7:6(5)/7:6(1) го совлада Хрватот Марин Чилиќ за да ја продолжи доминацијата над поранешниот шампион од САД опен и да има шест последователни победи против него.

Младиот Германец не беше во најдобра форма, но благодарение на клучните грешки на Чилиќ, го победува втора година едноподруго во натпреварите по групи во „О2 арената“ во Лондон.

Чилиќ водеше со 5:2 во првиот сет, пред Германецот да се врати за тај-брејк, а исто така имаше и предност од брејк во вториот сет, пред целосно да ја загуби контролата на мечот во одлучувачкиот тај-брејк.

Во вториот меч од групата, во 21 часот, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го отвара својот турнир со меч со Американецот Џон Изнер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top