Top Sport

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Читач од усни ги откри разговорите на Доналд Трамп со играчите на Челси откако американскиот претседател се приклучи на прославата на трофејот за Клубски светски шампион на ФИФА, синоќа, објави денес „Дејли мејл“.

Трамп гледаше од трибините како Челси обезбеди изненадувачка победа од 3-0 против европските шампиони ПСЖ. Откако доби третман како ВИП за време на натпреварот заедно со првата дама Меланија и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп зазема централно место за време на презентацијата на трофејот.

Трамп, кој беше исвиркан од дел од публиката, му ја предаде златната ракавица на Роберт Санчез за турнирот. Гледачите можеа да видат како Инфантино го претстави Трамп на Кол Палмер, додека ѕвездата на Челси и Англија се искачуваше да ја прими наградата за најдобар играч на турнирот.

Експертот за читање од усни, Џереми Фримен, откри дека Трамп имал зборови на восхит за Палмер откога ја видел неговата  неверојатна игра во финалето.

„Јас сум најголемиот фан на Челси. Јас сум голем фан на вас. Добро сработено“, рече Трамп, според Фриман откога му ја даде Златната топка за најдобар играч на турнирот.

Палмер, за кого се знае дека малку зборува во интервјуата по натпреварите, наводно одговорил ‘Ви благодарам’ пред повторно да се приклучи на своите соиграчи.

Фото: Принтскрин

Scroll to Top