Top Sport

Чудесен пресврт – Мертенс победи иако губеше со 7-5 и 5-2

Белгиската тенисерка, Елис Мертенс (18. на ВТА листата) се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Дубаи откако по голема победа, со пресврт славеше против Американката Џесика Пегула.

Мертенс губеше од Пегула со 7-5 и 5-2, па со страшен пресврт откако успеа да спаси дури 3 меч топки, триумфираше со 5-7 7-5 и 6-0.

Ова е петнаесетти пласман на белгиската тенисерка во полуфинале на некој турнир, а таму ќе се судри со подобрата од дуелот Арина Сабаленка – Гарбине Мугуруза.

„Неверојатно е да се вратите во мечот по ваков резултат. Едноставно, не сакав да се помирам со поразот, продолжив да се борам, ова е победа на духот“ рече Мертенс по завршувањето на мечот.

Сега Белгијката има можност да стигне до втората сезонска титула откако веќе освои еден пехар на турнир во Мелбурн.
Место во полуфиналето има и за чешката тенисерка Барбора Крејчикова која со 2-0 во сетови беше подобра од Русинката, Анастасија Потапова.

Scroll to Top