Петра Влхова од Словачка приреди големо изненадување со победата на слаломската трка која во неделатат се возеше во Ленцерхајд.
Влхова до победата стигна иако по првата трка се наоѓаше на шестата позиција. На крајот таа за 10 стотинки имаше подобар резултат од Швеѓанката Фрида Хансдотер, а третото место и припадна на Венди Холденер од Швајцарија.
Лидерката во Светскиот куп и најдобрата во оваа дисциплина Американката Михаела Шифрин водеше по првата трка со секунда и 12 стотинки предност над најблиската ривалка, но во втората трка промаши една врата и не ја заврши трката.
Ова е првата слаломска трка уште од 11.ноември минатата година на која не победи Шифрин.
Сепак Американката остна на првото место во поредокот за слалом со 780 бода, а втора сега е Влхова која ја престигна Хансдотер.
Во генералниот паласман Шифрин има речиси двојно повеќе бодови на врвот од Холденер.