Бранителот на титулата на Мастерсот во Монте Карло, Стефанос Сиципас го заврши годишениот натсап во четвртфиналето. Циципас потклекна пред Американецот Тејлор Фриц. Во полуфиналето, Фриц за противник ќе го има Андреј Рубљов.
Циципас ги освои последните две изданија на овој Мастерс, но против Фриц немаше шанси. Американецот победи во два сета со 6/2, 6/4.
Фриц за пласман во финалето ќе игра против Рубљов. Рускиот тенисер го победи Јан Ленард Штруф со 6/1, 7/6.