Грчкиот тенисер Стфанос Циципас во осмина-финалето го заврши својот настап на Олимписките игри во Токио. Третиот носител во Токио, инаку четврти на АТП листата, испадна од Иго Имбер од Франција.
Два часа и 20 минути му беа потребни на Имбер, со пресврт да го победи фаворизираниот Грк. Првиот сет му припадна на Циципас со 2/6, потоа Имбер го освои вториот во тај-брејк, а во третиот буквално го растури фаворитот и со 6/2 избори место во четврт-финалето.
Имбер за пласман во полу-финалето ќе игра против Каран Хачанов.
Елиминацијата од олимпискит турнир е уште еден голе удар за Циципас, кој по поразот во финалето на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ, никако не може да се врати во посакуваниот ритам.
Испадна во првото коло на Вимблдон и во третото коло н турнирот во Хамбург.