Top Sport

Циципас го растури Синер – Гркот избори полу-финале во Мелбурн

Стефанос Циципас, лесно и убедливо избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Гркот за помалку од два часа, го победи 14.носител Јаник Синер со 6/3, 6/4, 6/2.

Циципас го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. Не му даде ниту грам надеж на младиот Италијанец, кој надмоќно, без загубен сет стигна до полу-финалето.

Гркот направи по еден брејк во првиот и вториот сет, а откако поведе со 2:0, ја „пушти раката“ и лесно го заврши мечот.

Циципас го повторни минатогодишниот успех на Австралија опен, кога исто така играше во полу-финалето.

Противник на Циципас во полу-финалето ќе му биде Данил Медведев или Феликс Оже-Алијасим.

Првата полу-финална двојка ја формираа Рафаел Надал и Матео Беретини.

Scroll to Top