Top Sport

Циципас избори дуел со Ѓоковиќ

Стефанос Циципас го елиминираше Рафа Надал од турнирот во Мадрид. Грчкиот тенисер славеше во три сета 6:4, 2:6, 6:3.

Надал откако на својата омилена подлога доживеа уште една елиминација по Монте Карло и Барселона, со што потврди дека е далеку од идеалната форма пред Ролан Гарос. Циципас по елиминацијата на Зверев успеа да земе уште еден скалп во својата колекција.

Гркот максимално ги искористи грешките на притивникот и си обезбеди дуел со Новак Ѓоковиќ кој претходно во два сета го победи Доминик Тим.

Scroll to Top