Top Sport

Циципас ја продолжи „војната“ со Кирјос: Тој е „ѓавол“ кога ќе игра тенис

Шест месеци по нивната контроверзна „пресметка“ на Вимблдон, Стефанос Циципас и Ник Кирјос го продолжуваат едно од најжестоките тениски ривалство последните години, откако грчкиот тенисер го опиша Кирјос како „ѓавол“ во новиот тениски документарец на „Нетфликс“ под име „Брејк поен“.

Во серијата главна тема е обидот на новата генерација на тенисери да излезе од сенката на вечното трио Роџер Федерер-Рафаел Надал-Новак Ѓоковиќ, и 27-годипниот Кирјос е ѕвезда на првата епизода. Кога беше побарано од неговите ривали да го опишат, Матео Беретини на пример вели дека тој е „најталентираниот од нашата генерација“, нешто со што се согласува и Џон Мекинро.

Циципас не беше толку фин.

„Тој не е лошо момче, само што станува ѓавол кога ќе излезе на теренот“, вели Циципас.

24-годишниот Циципас и Кирјос се судрија во четвртото коло на Вимблон минатата година, кога Австралиецот (иронично и тој со грчко потекло), победи во четири сета. Тогаш Кирјос бараше Циципас да биде дисквалификуван и Гркот потоа не го штедеше.

„Не сакам луѓе кои се обидуваат да спуштат некого. Има добри делови на неговиот карактер, но и многу лоша страна, која штети на другите. Се надевам дека ќе имаме почиста верзија на спортот“, изјави тогаш Циципас.

Кирјос не се согласуваше: „Како јас сум силеџија, кога тој удира со топчиња кон мене“.

Кирјос збесна, бараше Циципас да биде дисквалификуван

Scroll to Top