Стефанос Циципас продолжува со шокантната игра на Роџерс купот во Торонто, откако во трет меч едноподруго успеа да победи топ 10 тенисер, „нокаутирајќи“ го Александер Зверев со 3:6/7:6(11)/6:4.
Еден ден по фантастичната победа над шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ откако претходно го елиминираше и Доминик Тим, грчкиот тинејџер успеа да спаси две меч топки при резултат 6:3/5:2 за Германецот, за да се пласира во првото полуфинале на АТП 1000 турнир во кариерата.
Во полуфиналето, 19-годишниот Циципас го чека уште еден вистински тест – мега-сервисот на финалистот од Вимблдон, Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кој претходно го декласираше Григор Димитров.
Here’s Tsitsipas saving match point ? #RogersCup pic.twitter.com/6XxgjgFngh
— Justin Frederic (@justinfrederic) August 10, 2018
? ‘Too Good’ From ?? Stefanos Tsitsipas ??
19-year-old comes to play at the #RogersCup ?
? @TennisTV pic.twitter.com/ExXNrZMGYA
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) August 10, 2018