Top Sport

Вардар поразен од германски второлигаш

Новата ера на ракометниот клуб Вардар не започна најдобро, откако во првиот меч под водство на Роберто Гарсија Парондо, „црвено-црните“ загубија со 31:25 (16:15) од германскиот второлигаш Хамбург на стартот на „Хајде купот“.

Поранешниот европски шампион има нов почеток оваа сезона, откако од тимот замина тренерот Раул Гонзалес, како и голем број на стандардни првотимци со кои „палеа и жареа“ низ Европа (Штербик, Циндриќ…). Најефикасни за „црвено-црните“ беа Иван Чупиќ и Фереира Мораеш со по пет постигнати голови.

Подготовките во Германија продолжуваат утре против тимот на Фуксе Берлин, кој со 29:26 го совлада Кристијанштад во првиот меч на турнирот.

Scroll to Top