Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ќе игра против Американецот Рејли Опелка во првото полуфинале на Роџерс Куп во Торонто. Второто полуфинале на турнирот го сочинуваат Русинот Данил Медведев и уште еден Американец, ветеранот Џон Иснер.
Моментно третиот играч на АТП листата, Циципас беше убедлив против 12-тиот светски тенисер Каспер Руд од Норвешка совладувајќи го со 6-1 и 6-4 за 76 минути игра.
?? Stefanos Tsitsipas defeats ?? Casper Ruud in straight sets to advance to the semifinals of the National Bank Open! #NBO21 | @NBOtoronto pic.twitter.com/N3oawl2AX8
— Sportsnet (@Sportsnet) August 13, 2021
На друга страна, Опелка кој е 32. на АТП го надигра подобропласираниот Шпанец, Роберто Баутиста-Агут со 6-3 и 7-6.
Рано утринава Медведев мораше да игра исцрпувачки три сета против Полјакот Хуберт Хуркач, но славеше со 2-6 7-6 и 7-6.
Неговиот противник во борбата за финале, Иснер со 7-6 и 6-4 го совлада Гаел Монфис.