Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е еден од најголемите таленти на светскиот тенис, но по сѐ изгледа му недостасува само-контрола.
19-годишниот тинејџер ова најдобро го демонстрираше во полуфиналниот дуел на Сити опен во Вашингтон против уште еден талент, Александер Зверев, кога откако загуби брејк за 1:4 негатива, реши да се „казни“ за слабата игра.
Stefanos Tsitsipas is frustratedpic.twitter.com/zSCyyA3SYc
— SI Tennis (@SI_Tennis) August 4, 2018
Ова не помогна, и Циципас загуби со 6:2/6:4.
Нормално, потегот на Циципас, стана вистински хит на Интернет, но не претставува првпат тенисер да се „самоказнува“ по слабата игра. Русинот Михаил Јужни беше уште подрастичен во 2008 година, кога по еден лош поен против Николас Алмагро на Мајами опен се удираше со рекетот по главата, добивајќи мала повреда.