Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, се повлече од Завршниот мастерс во Торино. Негова замена е Британецот Камерон Нори. Ова е второ повлекување од Мастерсот, вчера истото го направи Матео Беретини.
Циципас, подолг период има проблем со повредата на лактот, поради што предаде меч на Мастерс турнирот во Париз. Во Торино, тој Завршниот мастерс го започна со пораз од Андреј Рубљов (6/4, 6/4).
Замената за Циципас, Нори, вечерва ќе дебитира на Завршниот мастерс. Од 21 часот, негов противник ќе биде Каспер Руд.