Гркот Стефанос Циципас, не е задоволен што во тенисот на играчите не им е дозволено да комуницираат со своите тренери во текот на мечевите.
„На тренерите треба да им се дозволи да даваат совети во текот не секој поен. Нашиот спорт тоа треба да го прифати. Веројатно сме единствениот глобален спорт кои тоа не го практикува. Треба тоа да биде легално. Време е да направиме голем исчекор“, рекол Циципас.
Гркот не игра добро од финалето на Ролан Гарос, каде водеше 2:0 против Ѓоковиќ но не успеа да го освои турнирот. Циципас потоа испадна во првото коло на Вимблдон, а пред два дена настапот во Хамбург го заврши во четврт-финалето.