Top Sport

Циципас за 2 часа го „реши“ Рубљев за полуфинале на РГ

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е третиот полуфиналист на грен слем турнирот Ролан Гарос кој се игра во Париз. Предмалку тој за 2 часа игра во три сета го победи Русинот Андреј Рубљев, со 7:5, 6:2, 6:3.

Пресуден беше првиот сет во кој Гркот тргна бавно во мечот, но успеа да направи пресврт и по 50 минути игра да поведе со 1-0. Се останато на мечот беше во негова полза.

Сервисот на шестиот светски тенисер изгледаше совршено, па рускиот противник немаше шанси да дојде до изненадување. За 22-годишникот ова ќе биде второ грен слем полуфинале во кариерата, по она што го играше на Австралија Опен минатата година.

Циципас за влез во големото финале ќе игра против подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Карењо Буста, меч кој започна во 18.40 часот.

Scroll to Top