Top Sport

Цонга: Надал е најдобриот на сите времиња!

Французинот Жо – Вилфред Цонга е воодушевен од титулата на Рафаел Надал во Мадрид и финалето против Новак Ѓоковиќ. Тој во Надал гледа голем фаворит и за претстојниот Ролан Гарос каде Шпанецот ќе ја брка 14-тата титула во Париз.

„Ако прашате било кој тенисер кој ќе го освои Ролан Гарос, сите ќе кажат – Надал. Дури и оние кои го избегнуваат. Она што Рафа и Новак го направија во Рим покажува дека има дистанца меѓу нив и останатите“ смета Цонга.

Гледајќи го бројот на грен слем трофеи, Надал и Федерер имаат по 20, а Ѓоковиќ 18. Меѓутоа Французинот верува дека „Бикот од Мајорка“ ќе е рекордер.

„Пет години Рафа е помлад од Роџер, а изедначени се. Ако го помине – мислам дека нема да има сомнеж кој е најдобриот тенисер на сите времиња“ порача Цонга кој своевремено беше 5. светски тенисер.

Францускиот ас во минатото често зборуваше дека поразите од Новак Ѓоковиќ му се најболните – пред се мислејќи на финалето на Австралија Опен во 2008, четвртфиналето во Мелбурн во 2010-та и четвртфиналето на Ролан Гарос во 2012. година.

Scroll to Top