Top Sport

Цонга и Пуј во француско финале во Виена

Жо-Вилфрид Цонга го совлада германскиот ветеран Филип Колшрајбер со 7:6(4)/7:5 за да обезбеди финале против францускиот сонародник Лукас Пуј во Виена.

Пуј, претходно, се врати од сет негатива за да го победи Британецот Кајл Едмунд со 6:7(7)/6:4/6:4 за свое четврто финале оваа година, откако триумфираше во Будимпешта и Штутгарт.

15-рангираниот Цонга, кој победи во Виена во 2011 година, оди на петта титула во 2017 година. Тој нема загубено сет против Пуј во двата претходни меѓусебни дуели.

Scroll to Top