Top Sport

Црвен картон за уринирање на терен!

Голманот на англискиот аматерски клуб Салфорд Сити, Макс Крокомб доби црвен картон на мечот со Бредфорд Парк Авенју поради уринирање на теренот во финишот на натпреварот.

24-годишниот Новозеланѓанец Крокомб беше исфрлен од игра во 87. минута од натпреварот во Националната лига-Север, но неговиот тим стигна до 2:1 победа.

„Можеме да потврдиме дека Крокомб беше исфрлен за уринирање на теренот. Не се шегуваме“, напишаа на својот Твитер профил од противничкиот тим.

Салфорд се во делумна сопственост на поранешните играчи на Манчестер јунајтед, Фил Невил, Пол Сколс, Ники Бат и Рајан Гигс.

Scroll to Top