Францускиот тенисер број 1, Жо-Вилфрид Цонга влезе во финалето на Европскиот опен во Антверпен, Белгија завршувајќи ја импресивната низа на домашниот фаворит Рубен Бемелманс со 6:3/6:3.
Цонга, кој подолго време се мачеше со повредата на коленото, ќе го игра првото АТП финале по пет месеци и 32-годишниот ветеран вели дека е најважно да се врати самодовербата. Цонга најави дека ќе игра и во Виена од понеделник и на Мастерсот во Париз, пред да ја предводи Франција во финалето на Дејвис купот во Лил против Белгија, за кои може да игра и Бемелманс.
Во финалето, Цонга ќе се судри со Аргентинецот Диего Шварцман, откако тој со 7:5/6:3 совлада уште едно големо изненадување на турнирот, 19-годишниот грчки талент, Стефанос Циципас.