Вториот ден на Ју-Ес опен донесе елиминација на неколку носители. Турнирот заврши за четвртиот, осмиот, деветтиот и десеттиот фаворит. Сите елиминирани носители се наоѓаат во половината од костурот во која е Рафа Надал, што значи дека на Шпанецот дополнително му е олеснет патот до финалето.
Четвртиот носител Доминик Тим е елиминиран од 87 играч во светот Италијанецот Томас Фабијано (4/6, 6/3, 3/6, 2/6).
Шпанецот Роберто Баутиста Агу, кој на Вимблдон играше во полу-финалето, го заврши турнирот по поразот од Михаил Кукушкин. На крајот Кукушкин победи во пет сета (6/3м 6/1, 64, 3/6, 6/3).
Стефанос Циципас е елиминиран од својот врсник Андреј Рубљов. Рускиот тенисер мина во втората рунда со победата 6/4, 6/7, 7/6, 7/5. За разлика од Рубљов коферите ги спакува неговиот сонародник Карен Хачанов. Деветтиот носител е поразен од Васел Поспишил од Канада во драматичен меч со 4/6, 7/5, 7/5, 4/6, 6/3. .
Од Топ 10 играчите понатаму минаа Рафа Надал и Александар Зверев.
Надал го декласира минато годишниот четврт-финалист Џон Милнан во три сета со 6/3, 6/2, 6/2, додека Зверев мораше да игра максимален број на сетови против Молдавецот Раду Албот за да се пласира во второто коло.