Top Sport

Црногорката Пајиќ доживеа брутален нокаут во ПФЛ дебито

Надежите на Црногорката Јулија Пајиќ за наградата од милион долари од Професионалната лига на фајтери (ПФЛ) беа уништени во брутален пораз од Бразилката Лариса Пачеко.

Пачеко веднаш ја прати 23-годишната Пајиќ на подот, по што без престан добиваше удари и немаше шанси да ја комплетира рундата.

„Добра сум! Луѓето може да ти го скршат носот, но не и да ти ја одземат насмевката. Бев сигурна кога влегов во кафезот додека не добив удар. Направив голема грешка и скапо ја платив“, изјави Пајиќ.

 

ММА: Јулија Пајиќ „тепа“ мажи, ќе се бори за милион долари

Scroll to Top