Top Sport

ММА: Јулија Пајиќ „тепа“ мажи, ќе се бори за милион долари

Јулија Пајиќ е последната ММА атракција од балканските простори, откако 23-годишната ѕвезда која е родена во Германија, настапува за Црна Гора, а тренира во Хрватска, влезе во игра за џекпотот од милион долари во Професионалната фајтерска лига (ПФЛ).

Пајиќ минатата година стана ѕвезда во Германија, откако победи еден човек кој работи како обезбедување во егзибициски меч, во неверојатно доминатнен меч, а сега ПФЛ потврди дека таа е во игра за големата награда.

„Сакав да се борам со маж бидејќи цел живот сонувам за големи борби, без разлика на полот. Тоа не се случува секогаш“, вели Пајиќ.

Нејзините тетоважи, но и лузни предизвикаа многу интерес, и таа прво тврдеше дека се работи за повреди од напад на тигар.

Пајиќ е една од петте дебитанти во ПФЛ оваа сезона, покрај Белгијката Синди Дандоа, Украинката Олена Колесник, Американката Лора Санчез и Бразилката Маријана Мораиш. Осумте натпреварувачи ќе се борат во четврт-финале и полуфинале, пред големиот меч со големата награда. Актуелна шампионка е двократната олимписка шампионка во џудо, Американката Кајла Херисон.

Scroll to Top