Top Sport

„Да не бев јас Тим ќе беше играч за фјучерс турнири“

Гинтер Брезник, поранешниот тренер на Доминик Тим, смета дека неговиот поранешен ученик не покажал трошка благодарност кон него.

Брезник и Тим сорабитуваа 17 години, се разделија во април 2019 година. По разделбата двајцата даваа изјави од кои може да се заклучи дека не се разделиле пријателски.

„Секој ден се повеќе ми станува јасно дека тие некоректно постапија со мене. И понатаму ништо не разбирам. Не беа водени од искреноста, лојалноста, вистинските вредности…Доколку не некого му должам ама баш сѐ во кариерата не можам така да се однесувам кон него. Да не бев јас, Волфган (таткото на Доминик) ќе беше тренер во некој клуб, а Доминик ќе беше играч за фјучерс турнири“, рекол Брезник.

Тим досега во кариерата освоил 16 трофеи на АТП турнирите. Со новиот тренер Николас Мау игра во одличан форма, во јануари годинава тој стигна до финалето на Австралија опен.

Scroll to Top