Top Sport

Англичаните сезоната ќе ја завршат во Кина

Англичаните денес повторно ќе разговараат околу опциите сезоната која е прекината поради коронавирусот да не биде откажана. Информациите од Островото говорат дека клубовите очајнички бараат начин да го завршат натпреварувањето бидејќи се соочуваат со големи финансиски загуби.

Колку се очајни Англичаните говори и информацијата на „Атлетик“ дека имало предлог сезоната да заврши во Кина.

Се споменува Кина како земја каде би можеле да ги играме натпреварите и да ја завршиме сезоната…Тоа е „но сенс“. Тоа е луда идеја и мислам дека ќе биде одбиена без размислување. Кога би ја продолжиле Премиерлигата во овие услови и би се преселиле на другиот крај од светот ќе не масакрираат“, рекол за „Атлетик“ неименуван челник на клуб од Премиерлигата.

Scroll to Top