Денеска во Јужна Америка стартува јубилејното 40. издание на славното Дакар рели, на кое деветкратниот ВРЦ шампион Себастиен Леб вели дека мора да победи.
Неговиот француски тим Пежо се подготвува за своето последно рели пред повлекувањето од трката, откако победи во 2016 и 2017 со легендарниот Стефан Петерхансел. Оваа година Пежо оди со четири 3008ДКР Макси модели со Петерхансел, Леб, Карлос Саинц постариот и Сирил Деспре.
The #Dakar2018 adventure starts here. ?
// La aventura empieza aquí. #DakarPerú2018 ??@MINCETUR @peru pic.twitter.com/KE8PQ1LBzJ— DAKAR RALLY (@dakar) January 5, 2018
43-годишниот Леб, кој оваа сезона ќе вози во Светскиот реликрос шампионат со Пежо, а ќе настапи и во три ВРЦ трки за Ситроен, вели дека повлекувањето на Пежо значи дека ова е последен момент за слава.
„За мене, оваа година е или сега или никогаш. Последна шанса да победам. Лани видовме дека сум способен за тоа, а мојот со-возач, Даниел Елена станува сè подобар со навигацијата. Целта е да се победи“, вели Леб.
За разлика од претходните години кога стартот на трката беше во аргентинската престолнина Буенос Аирес, овојпат се стартува од Лима, Перу, а на програмата има далеку повеќе етапи по песочните дини, што сепак ќе даде предност на поискусните возачи како легендарниот Петерхансел, кој има 13 победи на релито.
Релито, на кое секогаш имало необични натпреварувачи, оваа година има и еден „бонус“ – поранешниот менаџер на Тотенхем и Челси, Португалецот Андре Вилаш-Боаш. Тој си замина од позицијата тренер на Шангај СИПГ, каде што заработуваше милиони за да ја оствари својата животна амбиција да настапи на славното рели.
Вилаш-Боаш сака да го повтори успехот на неговиот чичко, Педро Вилаш-Боаш, кој двапати учествуваше на Дакар релито во раните 1980-ти. Тој ќе вози Тојота Хилукс покрај португалскиот сонародник, Рубен Фарија, кој беше втор во пласман на мотоциклисти во 2013 година.
„Сега првпат влегов со автомобил во дините и среќен сум како дете. Луѓето без искуство како мене нема да се снајдат најдобро, но морам да се обидам“, вели Вилаш-Боаш.
Овогодишната трка се состои од 14 етапи во должина од речиси 9.000 километри. Трката минува низ три земји пред да заврши во северниот аргентински град Кордоба на 20 јануари. Дакар релито традиционално беше нарекувано Париз-Дакар и се возеше низ Сахара, но поради заканите од тероризам во Мали и Мавританија, од 2009 година својот дом го најде во Јужна Америка.
#Dakar40th
1979 Paris ?? > Dakar ??
First edition ? https://t.co/dysOJiRFU9
Primera edición ? https://t.co/hZxLpAzraI#Dakar2018 pic.twitter.com/a2AH3OPSFe— DAKAR RALLY (@dakar) January 5, 2018