Top Sport

Дали Џејк Пол беше расист што го нокаутираше Нејт Робинсон?

Јутјуберот Џејк Пол неодамна стана вистинска атракција и во светот на боксот, откако го нокаутираше поранешниот НБА играч Нејт Робинсон, а веќе е најавен мечот на неговиот брат Логан Пол со вистински боксерски шампион Флојд Мејведер Јуниор.

Но, на Интернет вистински хит стана неговото интервју со новинарките на „Вајс“, Џемел Хил и Кери Чемпион, кои му поставија едно навистина чудно прашање – дали во оваа ера на „расни разговори“ во САД тоа што му го направил на Робинсон било расистички.

„Нее, доста се играте со мене“, одговори Пол, но Хил продолжи: „Се наоѓаме во чувствително време, и моравме да посведочиме како бел човек нокуатира црн човек пред цела Америка, затоа го прашав тоа“.

„Престанете да ме прашувате тоа, кажав не. Тоа е пос.ано прашање, ова е спорт? Каква врска има ова со расата?“, одговори неочекувано смирено Пол.

Scroll to Top