Канадската трансродова велосипедистка, Рејчел Меккинон ја одбрани женската спринтерска титула на Мастерс светскиот шампионат, по што на социјалните мрежи имаше бура реакции за „нефер“ правилата во велосипедизмот.
37-годишната Меккинон доминираше во Манчестер победувајќи на 200 метри спринтот во 35-39 категоријата за одбрана на титулата, победувајќи ги Американката Даун Орвик и Данката Кирстен Херуп Сованг.
Меккинон, која е родена како машко, инсистира дека има право да се натпреварува со женските спортистки.
„Да се спречи транс-жените да се натпреваруваат е укинување на човековите права“, изјави Меккинон.
Додека Меккинон има право да се натпреварува, на атлетичарката Кастер Семенја, Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) и забранува да се натпреварува доколку не зема хормонска терапија, иако таа е родена како женско и има природно повишено ниво на тестостерон.
World Champion cyclist Rachel mckinnon defends, Right to race as a trans woman despite saying ‘it’s possible’ to have an advantage.
“There’s a stereotype that men are always stronger than women”??♂️
Its more of a biological fact than stereotype.#feminismpic.twitter.com/Bq1bzqjLYZ
— Gender Inequal INDIA (@IndiaGender) October 18, 2019