Еден од најсериозните кандидатите за УФЦ титулата во тешка категорија, Камерунецот Френсис Нгану призна дека сака да го има неговиот идол Мајк Тајсон во својот агол во дебито како боксер.
Легендарните победи на поранешниот „крал“ на тешката категорија Тајсон го инспирирале Нгану да почне да тренира на 22 години, во период во кој бил бездомник. Сонот на 33-годишниот „ѕвер“ бил да стане боксерски шампион, но се решил за ММА борби како полесен начин за брза заработка.
Сега, свеж по импресивната победа над Жаирзињо Розенстрајк на УФЦ 249, Нгану инсистира дека сонот мора да се оствари и побара Тајсон да го тренира за боксерскиот ринг.
„Би било фантастично ако еден ден направам деби во боксот со тебе во мојот агол. Сакам да дознаам сè од тебе, бидејќи ти си како библиотека за боксот“, му кажа Нгану на Тајсон при интернет разговор.
За жал, Тајсон, кој неодамна објави дека планира враќање во рингот на 53 години, постојано изјавува дека не сака да биде тренер поради одговорноста која ја носи таа работа.
„Тренирањето е сосема различно од подготовките за меч. Кога некој друг се грижи за тебе е лесно, а кога ти треба да се грижиш… Ти треба да го фрлиш пешкирот кога ќе биде потребно. Тој може да биде повреден, да загине… Не можам да се справувам со тоа“, изјави Тајсон.
Mike Tyson giving Francis Ngannou some gems ?
(via @francis_ngannou) pic.twitter.com/4G4ImOh8MX
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 14, 2020
УФЦ: Камерунскиот ѕвер Нгану го „патосираше“ Жаирзињо за 20 секунди (видео)