Top Sport

Крај на надежта на Фетел за Мерцедес, Ботас продолжи на една година

Мерцедес потврди дека Валтери Ботас ќе биде нивни возач и во 2021 година, давајќи му на Финецот шанса за петта сезона со светските шампиони, и во исто време ставајќи крај на надежите на Себастијан Фетел дека ќе добие место во „сребрената стрела“.

Финецот беше донесен од Вилијамс по шокантното пензионирање на Нико Розберг по освојувањето на титулата во 2016 и минатата сезона тој го имаше својот најдобар пласман на второто место во генерален пласман. Ботас има остварено осум победи за Мерцедес, кои продолжуваат со преговорите со Луис Хамилтон за продолжување на договорот.

„Презадоволен сум што останувам во Мерцедес во 2021. Благодарам на сите во тимот за поддршката и за довербата која ја имаат во мене“, вели Ботас.

Scroll to Top