Top Sport

Даниел Дубоа со најбруталниот нокаут во 2019 (видео)

Новата британска сензација во тешка категорија, Даниел Дубоа уште еднаш  покажа зошто е еден од највозбудливите млади боксери, откако стигна до својата 14. победа во исто толку меча со својот 13. нокаут соборувајќи го Јапонецот Кјотаро Фуџимото во втората рунда со супер-брутален нокаут.

На Фуџимото веднаш му беше укажана медицинска помош по бруталниот нокаут, а 22-годишниот Дубоа најави дека сака меч за титула многу бргу.

„Знаев дека имав моќ, бев сигурен дека можам да го завршам мечот. Ги собирам моите појаси и наскоро ќе одиме на светска титула“, вели Дубоа.

Scroll to Top