Top Sport

НБА: Грчкиот ѕвер им донесе на Милвоки најдобар старт на сезоната (видео)

Јанис Адетокумбо имаше 22 поени, 11 скока и 10 асистенции за својот трет трипл-дабл оваа сезона, за Милвоки Бакс со 132:102 на гости да ги победат Њујорк никс и да го постават најдобриот старт на една сезона по 30 натпревари.

Бакси победија по 20. пат во 21 меч за да го подобрат скорот на 26-4, со што се израмнија со стартот на тимот од сезоната 1971/72, кој победи во 63 меча од сезоната предводен од Карим Абдул-Џабар и Оскар Робертсон.

Никси пак, вторпат загубија со двоцифрен број на поени од Бакси оваа сезона и паднаа на 3-5 под преодниот тренер Мајк Милер. Џулиус Рендл имаше 20 поени, а Кевин Нокс додаде 19, но Њујорк имаше само 40.2 отсто прецизност во шутови од поле.

Џејмс Харден имаше девет тројки за да го заврши мечот со 47 поени, 6 скока и 7 асистенции, а неговите Хјустон рокитс стигнаа до 139:125 победа на гости кај Феникс. Расел Вестбрук додаде 30 поени и 10 асистенции за Хјустон 13-ти пат едноподруго да ги победи Феникс. Ова е шести пораз во низа за Хјустон.

Кавај Ленард доби свирежи при секој контакт со топката, но тоа не му пречеше да постигне 26 поени за Лос Анџелес клиперс да стигнат до 134:109 победа на гости кај Сан Антонио. Ленард беш продаден од Спарси во Торонто пред минатата сезона, по што потпиша за Клиперс.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Њујорк – Милвоки 102:132

Феникс – Хјустон 125:139

Сан Антонио – ЛА Клиперс 109:134

Шарлот – Јута 107:114

Атланта – Бруклин 112:122

Филаделфија – Вашингтон 125:108

Портланд – Минесота 113:106

Детроит – Чикаго 107:119

Мемфис – Сакраменто 119:115

Scroll to Top