Top Sport

Даниела Алексовска повторно ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Грузија

Само две недели по спектакуларната победа со армбар во првата рунда на “ARMMADA” 14 во Скопје, Алексовска повторно влегува во кафезот – овој пат на највисокото светско ниво: Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, од 27 септември до 2 октомври.

Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг, каде моментално е рангирана 3-та во светот, благодарение на златниот медал кој го освои на Европското првенство годинава.

Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство – минатата година во Узбекистан, каде успеа да се избори до бронзен медал.

Во својата група, Даниела ќе се соочи со ривали од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.

Заедно со својот тим „The Strongest Скопје“, како и Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, и Стефан Пецевски, главен тренер, кои ќе бидат заедно со неа во Грузија, Даниела е решена да ја донесе златната медала во Македонија!

Scroll to Top